Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево: Ќе ги подобриме условите во Пензионерскиот дом

by irena 12:18
12:18

„Почитувани,
Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и да бидеме чинители во општеството.

Тие се нашиот темел. За жал, нивниот пензионерски дом и околината околу пензионерскиот дом е во една катастрофална состојба.

Како градоначалник, веднаш ќе пристапам кон решавање на овој горлив проблем и итно ќе пристапам кон преземање на мерки за да се подобрат условите за живеење во моменталниов пензионерски дом.

Исто така, реката која поминува низ средината на Кичево, пред пензионерскиот дом, а воедно и пред општина Кичево се наоѓа во состојба на еколошка катастрофа.

Итно ќе го решам тој проблем со уредување на градското корито, по цела должина на реката Сушица“, се вели во соопштението на Александар Јовановски.

Слични вести