1,8K
Од синоќа на локации во Скопје и Струмица се вршат претреси во врска со опојна дрога.
Информацијата за Фокус ја потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде велат дека истата е во кординација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Акцијата следи по заплената на петте тони марихуана во село во Србија, во која беше уапсен еден од сопствениците на Алфафарм (Alphapharm Group) ДОО Скопје, која се занимава со производство на медицински канабис.
По заплената на марихуаната и во Македонија е отворена истрага која ја води ОЈО ГОКК.