Активен пожар во скопски Стопански Двор

by vlatko 20:44
20:44

Активен е пожарот во Стопански Двор во скопската Општина Ѓорче Петров, каде што горат сува трева и грмушки, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Оттаму посочија дека пожарот што веќе неколку дена е активен кај кавадаречките села Раец, Ќесендре и Дреново сега е ставен под контрола и во најскоро време се очекува да биде целосно изгаснат.

„На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати“, стои во соопштението на ЦУК.

Покрај пожарот во Кавадарци, под контрола се ставени и тие во Општина Крива Паланка кај селото Мождивњак, во Општина Тетово кај ресторанот „Сирач“ и во Општина Желино кај селото Горна Лешница.

Изгаснати се три пожари во Општина Чучер-Сандево кај селата Глуво, Мирковци и Кучевишка Бара и по еден во Општина Карпош, кај сервисот „Агромеханика“ на улицата „Скупи“, во Општина Гази Баба во Скопско Поле, во Општина Битола кај Тумбе кафе, во Општина Прилеп кај местото викано Теќе, во Општина Струга кај селото Лабуништа и во Општина Теарце кај селата Шемшово и Сиричино.

Слични вести