АХВ: Нови случаи на сипаници кај овци и кози, нема опасност за луѓето

by irena 10:06
10:06

Од почетокот на месец јули 2026 година на територијата на Република Северна Македонија потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново –
Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Притоа, вкупниот број на
жаришта на територијата на Република Северна Македонија од првото потврдено жариште кон крајот на месец јануари 2026 година во село Лопате,
општина Куманово до денес изнесува изнесува 17 со вкупно над 2.700 животни.

Болеста е потврдена во 15 одгледувалишта на овци и 2 одгледувалишта на овци и кози.

Слични вести