„Во име на Собранието и во мое лично име, упатувам најискрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
Овој датум претставува одлична можност повторно да се истакне значењето на почитувањето на етничката различност и нашата заедничка заложба за еднакво, инклузивно и демократско општество, во кое сите заедници уживаат полни права и слободно придонесуваат во институционалниот, општествениот и културниот живот на државата.
Бошњачката заедница претставува важен и незаменлив дел од мултиетничкиот и мултикултурниот мозаик на нашата држава. Затоа, на овој значаен ден, изразуваме искрена благодарност за нивниот вреден придонес во изградбата и зајакнувањето на нашата заедничка држава“, се вели во честитката на Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија.