На пример, бившата власт поставила свои верни партиски војници на позиции во јавната управа или им доделила тендери на партиски фирми, кои ја снабдуваат државата со клучни продукти или се вклучени во капитални инвестиции.
Па така, од добрата волја на партиските војници на актуелната опозиција, а довчерашна власт, зависи дали ќе има набавка на лекови навреме, дали ќе добиваат плата десетици илјади работници во градежни компании, колку и како некој реформски закон донесен од новата власт ќе се спроведува во пракса и слично.
Ако им нареди бившата власт на нејзините кадри на такви битни позиции намерно да прават проблеми, за хаосот што ќе се предизвика во државата ќе може да биде обвинета актуелната власт, на која така рејтингот бргу ќе почне да ѝ паѓа.
Политичките мини пукаат на секој чекор, па за да се спречи тоа, мора да се соработува со бившата власт, која има мапа на минското поле.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК