1
МВР информира дека вчера во СВР Тетово, 43 годишна жена пријави дека подолг период две малолетни лица му се закануваа на нејзиниот син и бараа пари од него.
Инцидентот „кој ја прели чашата“ се случи пред два дена на плоштадот во Тетово, кога момчето одби да им го даде својот електричен тротинет, по што едно од малолетните лица физички го нападна.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.