Комисијата за прашања на изборите и именувањата при Собранието едногласно ја предложи судијката Теодора Ефтимовска Бојковска од Основниот суд Гостивар за нова судијка на Уставниот суд.
Предлогот бил усвоен на денешната 65. седница на Комисијата, со осум гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“.
Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, посочи дека изборот на нов судија е потребен по оставката на професорот Гоце Наумовски, која Собранието ја констатирало на 20 јули 2026 година.
Ефтимовска Бојковска дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 1995 година, а за судија во Основниот суд Гостивар била избрана во 2008 година. Работела на предмети од граѓанската материја, а во периодот од 2023 до 2026 година, со одлука на Судскиот совет, била упатена во Основниот суд Тетово.
Сајкоски ја оцени како искусен судија и посочи дека предлогот е утврден во рамки на надлежностите на Комисијата.
На истата седница било разгледано и усвоено барањето на Лирим Сулејмани за остварување право на плата по престанокот на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.