Гаши е подготвен за итно одржување на седница за законски измени, откако беше посочен дека ги „кочи“

by jadranka 12:12
12:12

Собранието е подготвено да закаже вендаш итна седница на која ќе се дебатира за насилството врз жените и за фемицидот и ќе се донесарт конкретни законски измени со кои во иднина многу построго ќе се санкционираат сите оние што имаат намера да прават насилство врз жените.  Ова прашање е болно за целото општество и потребно е да се даде адекватен одговор од државата за него. А, тоа ќе се направи откако ќе се донесе и примени најдоброто решение за ваквите немили настани.

Спикерот на законодавниот дом Африм Гаши денеска пред медиумите изрази подготвеност за брза реакција и силен одговор против родово базираните насилства, а во кои Собранието би партципирало согласно неговвите надлежности.  Неговата реакција доаѓа откако мрежата за заштита од дискриминација почна серија јавни објави под називот „Ѕид на срамот“, насочени кон носителите на јавни функции од чие постапување зависи превенцијата на насилството врз жените. Прв на листата е претседателот на Собранието, Африм Гаши, од кого организацијата бара одговори зошто измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство три месеци не се ставени на дневен ред, додека во 2026 година се регистрирани седум фемициди.

Измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство биле поднесени во Собранието на 26 август 2026 година по итна, односно скратена постапка. Три месеци по поднесувањето, тие сè уште не се ставени на дневен ред на пленарна седница.

На итно носење на законските измени за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, повика и пратеникот и лидер на левица Димитар Апасиев. Тој како претседател на постојаната Анкетна комисија за слободите и правата рече дека е подготвен во секое време да им излезе во пресрет членовите на граѓанското движење „Ниту една повеќе“ и Мрежата за заштита од дискриминација и другите организации кои се борат против насилствтата врз жените.

 

Покрај законските измени, во застој се и заклучоците од јавната надзорна расправа за заштита на жените од насилство, која Собранието ја одржа во април 2026 година по случајот во кој згаснаа животите на Ивана и Катја. До ноември 2026 година, седум месеци по одржувањето на расправата, Собранието сè уште нема усвоено заклучоци со конкретни мерки, рокови и одговорности за институциите. Од организацијата посочуваат дека Македонија е трета држава во Европа по стапката на фемициди, а во текот на 2026 година се убиени седум жени.

Во меѓувреме,  утре со главна расправа во 11:00 часот во Основнио суд Охрид почнува судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид. Предметот ќе го води судијата Александра Поп Стефанија.

Подготвиле: 

З.Фиданоски – О.Костов

Слични вести