„Бетонизацијата“ повеќе иритира како реалност отколку како терминонологија

by bogdan 09:58
09:58

Градежниците велат дека ги иритира терминот „бетонизација“, тврдејќи дека едноставно градат според урбанистички планови, кои не ги носат тие, туку постапката ја водат телата за урбанизам додека крајниот збор го имаат општинските совети.

Меѓутоа, каде е фабричката и структурна грешка на тезата дека тие исклучиво се залагаат за совесно и хумано градење и дека не прават ништо друго, освен што дејствуваат според стандарди, правила, документи, закони и акти што ги носат надлежни органи и институции?

Имено, проблемот е во тоа што инвеститорите на станбени, деловни или станбено-деловни објекти, сеедно, се можеби клучна алка од еден синџир што влијае врз процесот на кроење, прецртување и усвојување на урбанистичките планови, како и на одлуките за издавање градежни дозволи, при што, за волја на вистината, често овој систем на врзани садови почива и на корупција.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК