Мицкоски: Изборите ќе бидат во 2028, освен ако опозицијата не поднесе иницијатива за порано

by jadranka 20:41
20:41

Премиерот Христијан Мицкоски уште една јавно демантираше дека ќе има предвремени избори идната пролет, освен ако нив не ги побара опозицијата. „Дали ќе има предвремени избори, јас денеска кажав – Ние имаме редовни избори на пролет 2028-ма година, но доколку има некаква иницијатива од здружената опозиција, ние сме подготвени да ја поддржиме таа иницијатива, изјави вечерва Мицкоски во „Топ тема“ на Телма.

-Смешно е воопшто да ме прашувате дали има некаков договор со ДУИ поврзан со враќањето на Артан Груби. Или не ме познавате доволно или не знаете како функционирам, рече Мицкоски.

На прашањето дали најавите на коалицискиот партнер Максим Димитриевски што ќе се случи ако се донесе поинаква одлука за полагање на правосуден испит на албански јазик, се некаков договор за предвремени избори, тој одговори.

-Многу е едноставно. Ако сакаат предвремени избори, поднесуваат иницијатива за распуштање на Парламент од здружената опозиција, ние ја поддржуваме и одиме на предвремени парламентарни избори. Ние работиме како да имаме редовни парламентарни избори на пролет 2028. Не барајте теории на заговори, сценарија, овој ќе напуштел… И да напушти Максим Димитриевски, Владата има 61 пратеник и повеќе од тоа, рече Мицкоски.

Со ВРЕДИ, дополни премиерот, тие како главна владрјачка партија имаат одлична и редовна координација и соработка.

Слични вести