Се трага по исчезнато лице во Вардар кај Гостивар

by valentina 13:45
13:45

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека продолжува потрагата по исчезнатото лице во реката Вардар кај Гостивар.

-Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), по вторпат ги ангажираше специјализираните тимови за потрага по исчезнатото лице во Гостивар, по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во активностите на терен учествува и заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу.

Во потрагата е вклучен Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на ДЗС – Гостивар.

Пребарувањето се одвива по должината на реката Вардар, од критичните точки во градот кон низводните подрачја, во координација со полицијата и локалните служби.


Апел: Граѓаните кои имаат информации за исчезнатото лице или ќе забележат нешто покрај коритото на реката, веднаш да пријават во полиција или на телефонскиот број 112, велат од ДЗС.

Слични вести