Кривична за четворица турски државјани во земјава – со закана изнудувале пари

by irena 17:45
17:45

СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против К.К.(22), Р.А.(24), Ф.С.(25) и Р.Б.(23), сите од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.

Осомничениот Р.Б. сторил и кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Прво и второпријавениот К.А. и Р.А., кои се моментално на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово, со посредство на третопријавениот Ф.С., во периодот од 09.11. до 17.11.2026, во неколку наврати, преку телефонски контакти и директни средби на Ф.С. со Џ.О. од Турција, се обиделе да му изнудат пари, наводно стекнати на нелегален начин во државата.

Имено, тие најпрвин му побарале 100.000 евра и му се заканувале со семејството, но откако ги одбил сумата ја намалиле на 40.000 евра.

Слични вести