Нови одрони на патот кон Радожда, возачите се предупредуваат на зголемена внимателност

by irena 16:27
16:27

Нови одрони на карпи се регистрирани во текот на вчерашниот ден на патниот правец кон струшкото село Радожда, на локацијата каде што пред неколку месеци се случи голем одрон на карпа тешка неколку тони.

За проблемот повторно алармираат граѓани, кои посочуваат дека и покрај претходните предупредувања упатени до надлежните институции, опасноста на оваа делница сè уште е присутна.

Според нивните реакции, повторувањето на одроните претставува сериозен ризик за сите учесници во сообраќајот, особено за возачите кои секојдневно го користат овој патен правец.

Граѓаните повторно бараат итна реакција од надлежните служби и преземање соодветни мерки за обезбедување на делницата, со цел да се спречат можни несреќи и да се гарантира безбедноста на патниците.

До преземањето на соодветни мерки, апелот до сите возачи кои патуваат кон Радожда е да возат внимателно и со прилагодена брзина, особено на местото каде што се забележани новите одрони.

 

 

Слични вести