(Фото+Видео) „Тагата е наша, вината е ваша“: Протест пред Владата против фемицидот и насилството врз жените

by irena 13:58
13:58

Пред зградата на Владата започна протест против фемицидот и насилството врз жените, на кој граѓани со транспаренти и пораки го изразија својот револт поради убиствата на жени и, како што посочија, недоволната реакција на надлежните институции.

Присутните побараа поголема институционална одговорност и конкретни мерки за заштита на жените од насилство, нагласувајќи дека навременото постапување по пријавите е од клучно значење за спречување нови трагедии.

„Кој ви даде право да нè убивате?“, „Тагата е наша, вината е ваша!“ и „Системот заборава“ беа дел од пораките испишани на транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Со свирчиња, мегафон и јасни пораки, учесниците на протестот го изразија незадоволството од институционалниот одговор на насилството врз жените и побараа надлежните да преземат конкретни чекори за поголема безбедност и заштита на жртвите.

Присутните порачаа дека борбата против родово базираното насилство бара решителна и навремена реакција од институциите, со цел да се спречат нови случаи на насилство и убиства на жени.

Фото: Томислав Георгиев

Слични вести