1
Македонија против селекцијата на Кипар ќе игра бараж за опстанок во Б Лигата на Нации.
Ова го донесе денешната жрепка во Нион.
Нашата А-репрезентација доби тим кој може да се помине и со тоа во наредниот циклус во Лигата на Нации повторно да игра во Б сегментот во ова натпреварување.
Мечевите се закажани за крајот на март, а првиот меч се игра на гости. Во реваншот ќе бидеме домаќини.
Репрезентацијата на Македонија во изминатиот циклус настапи во групата 1 во Б Лигата на Нации и заврши како последна, со ниту еден освоен бод на 6 меча.