Отпушок од цигара предизвика пожар во болницата „8. Септември“ во Скопје

by irena 11:32
11:32

Избувна пожар во Одделот за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Веднаш е извршена евакуација, а повикана е и противпожарната служба.

Од прозорците на болницата излегуваше чад.

Директорот на болницата, Синиша Стојаноски потврди дека ситуацијата е предизвикана од отпушок од цигара. Вели дека нема опасност за пациентите и медицинскиот персонал.

Засега не се соопштени детали за евентуална материјална штета.

Пожарот е изгаснат, болницата продолжува со нормално функционирање.

Слични вести