Уапсен кочанец со 200 парфеми од познати брендови

by valentina 11:28
11:28

Од МВР информираат дека бил направен претрес во Кочани, при што биле пронајдени и одземени околу 200 различни видови парфеми без документација.

-На 18.11.2026 во 17:25 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.Д.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ по член 285 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 197 различни видови парфеми од познати брендови и повеќе различни козметички и други производи за кои не поседува никаква документација.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични вести