Македонската фудбалска репрезентација падна две места на најновата ранг-листа на ФИФА

by irena 12:59
12:59

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше две позиции на најновата ФИФА ранг листа објавена денес.

По двата пораза, од Шкотска и од Словенија, во ноемврискиот прозорец, Македонија сo 1339,35 бода се најде на 73. место на ФИФА-рангирањето.

Во октомври „Црвено-жолтите“ беа на 71.позиција.

Лидер и натаму е Шпанија, пред Аргентина и Франција.

Во Топ 10 се наоѓаат и: Англија, Мароко, Португалија, Бразил, Белгија, Холандија и Колумбија.

Слични вести