Пилотот кој денеска загина при пад на воен авион во Србија спасил 150 луѓе во поплавите во Обреновац

by irena 12:04
12:04

Горан Булајиќ (53), пилот на борбен авион „МиГ-29“ на Вооружените сили на Србија, загина денес кога неговото летало се урна во поле помеѓу Нова Пазова и Стара Пазова.

Булајиќ ќе остане запаметен по еден свој потег од 2014 година, кога својот суперсоничен авион го заменил со чамец за спасување за да извлече голем број луѓе од поплавениот српски град Обреновац.

Откако дознал дека Обреновац е поплавен, тој стапил во контакт со својата команда и на своја иницијатива се упатил кон градот.

Заедно со пријатели и со сопствен чамец, тој навлегол во делови кои за многу други биле недостапни.

Токму поплавата – и неговата желба да помогне – го принудиле Булајиќ да слезе од небото. Тој го заменил својот „МиГ“ за чамец, а пилотскиот комбинезон за нуркачко одело. Повеќе од 20 часа, тој ги извлекувал жителите на Обреновац од поплавните води.

Слични вести