1
Македонскиот фудбал е завиен во црно, нова загуба за фудбалско Тетово. На 46 години почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец и истакнат екс првотимец на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички, а играше и во Шкумбини во Албанија, Македонија Ѓорче Петров, Осогово…
Тој освојуваше шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а во меч против Лихтенштајн од квалификациите за ЕП 2004, беше во составот на македонската репрезентација, но не влезе во игра.
Тетовчанецот прерано го напушти овој свет, а неофицијално, сам си го одзел животот.