(ВИДЕО) Путин им раскажа шега на американските преговарачи Виткоф и Кушнер

by irena 16:12
16:12

За време на средбата во Кремљ со американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер, рускиот претседател Владимир Путин раскажа шега за еден крадец, неговата сопруга и парите во ноќното шкафче, со цел да го илустрира она што тој го смета за контрадикторен став на ЕУ кон Киев.

Путин потсети дека Москва во повеќе наврати изјавила оти распоредувањето странски трупи во Украина е неприфатливо за Русија. И покрај тоа, нагласи Путин, европските земји најавуваат дека имаат намера таму да испратат свои воени сили откако ќе заврши конфликтот. Според него, таков потег би довел до повторно избувнување на војната.

Рускиот претседател упати критики и кон Брисел, истакнувајќи дека тој во моментов одбива да разговара за европската безбедност во целост, претпочитајќи да се занимава со ова прашање дури откако ќе се постигне мир во Украина.

„Но, кога ќе се воспостави мир во Украина, тие имаат намера да испратат трупи – а тоа значи продолжување на војната. Би се вратиле точно на почетокот“, предупреди Путин.

За дополнително да го појасни својот став, рускиот претседател одлучи да раскаже една шега.

„Имаме една многу стара шега на таа тема. Со оглед на моменталната ситуација, мислам дека е сосема соодветна. Да замислиме еден крадец кој изградил неколку викендички во близина на Киев и кој е повикан на испрашување – да речеме, пред НАБУ (Национално биро за борба против корупцијата на Украина)“, започна Путин.

„Го прашуваат: ’Од каде ти се парите?‘ Тој одговара: ’Од ноќното шкафче.‘ ’Добро, а кој ги ставил парите во ноќното шкафче?‘ ’Жена ми.‘ ’А од каде ѝ се парите на жена ти?‘ ’Јас ѝ ги дадов.‘ ’А од каде тебе ти се парите?‘ ’Од ноќното шкафче.‘ И така се вртиме во круг. Исто е и со Европејците“, тврдеше тој.

Слични вести