МВР информира дека вчера претпладне во 11:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на сервисна улица во поранешен комплекс Отекс се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(47) од Струга и велосипед управуван од 73-годишната Б.С. од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Само 20 минути подоцна во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Перо Наков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(58) од Скопје и велосипед управуван од Д.Ј.(63) од с. Трубарево, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
По неколку часа, во 18:04 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот од Битола кон границата со Република Грција се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено лагуна“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(64) од с. Долно Егри, битолско и велосипед управуван од З.Н.(64) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата во Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.