ЕСМ ќе достави иста цена за струјата која ќе му ја продава на ЕВН

by irena 14:08
14:08

АД ЕСМ нема да бара повисока цена за струјата што му ја продава на ЕВН Хоум, најави премиерот Христијан Мицкоски. Државните електрани на новиот тендер на универзалниот снабдувач ќе понудат иста цена како досега – 65 евра за мегават-час.

„На јавниот повик на ЕВН Хоме ќе достави понуда којашто ќе биде со иста цена како минатата. Значи, нема да бара поскапување на цената“, рече Мицкоски.

Според премиерот, Владата и ЕСМ подготвиле бизнис-план со кој државната компанија би ја задржала досегашната продажна цена, а целта е до крајот на 2027 година да оствари добивка.

Најавата се однесува на цената по која ЕСМ му продава струја на ЕВН Хоум, а не на конечната цена што ја плаќаат домаќинствата. На сметките од 1 јануари ќе влијаат и трошоците за пренос и дистрибуција, кои се разгледуваат во Регулаторната комисија за енергетика.

Слични вести