Косовскиот полицаец Кораб Пепај денеска е осуден на три години затвор за обид за убиство на Милан Јовановиќ, што се случило на 11 април 2023 година во близина на мостот на реката Бистрица, на патот Лепосавиќ – Митровица.
Во пресудата, која ја изрече Основниот суд во Митровица, се наведува дека во казната затвор ќе се пресмета и времето поминато во притвор, пренесува „Радио Ким“.
Претходната пресуда на Основниот суд беше укината од Апелациониот суд во Приштина, а предметот беше вратен на повторно судење поради противречности во исказите на вештаците.
Потоа, вештакот по судска медицина ги отстрани сите сомнежи дека Кораб Пепај пукал кон Милан Јовановиќ и му нанел повреди опасни по живот, изјави претходно адвокатот на оштетениот, Милош Делевиќ.
Србинот Милан Јовановиќ од Звечан беше ранет од огнено оружје на 11 април 2023 година, во близина на мостот на реката Бистрица, на патот Лепосавиќ – Митровица. Тој се здобил со повреди во пределот на градниот кош.