Иран ги предупреди земјите да не ѝ пружаат помош на Америка

by irena 21:16
21:16

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес ги предупреди државите за последиците доколку учествуваат во американските акти на агресија или, како што вели тој, економски тероризам.

„Секое директно или индиректно учество во акти на агресија или економски тероризам против Иран – вклучително и распоредување поморски сили, воена и логистичка опрема, како и човечки ресурси – Иран ќе го смета за непријателски и незаконски чин, што претставува учество во американската агресија врз Иран“, изјави Багеи во објава на социјалната мрежа „Икс“, пренесува Ројтерс.

Според неговата оценка, ниту еден билатерален договор или обврска кон САД не може да претставува легитимна основа за прекршување на обврските на една држава според меѓународното право, ниту пак за учество во американско-израелската воена агресија против Иран.

„Секоја земја што би учествувала во такви незаконски агресии, во каква било форма, ќе сноси целосна одговорност за последиците што произлегуваат од тоа“, заклучи Багеи, пренесува Танјуг.

Ројтерс додава дека постои можност оваа изјава да е упатена до Јужна Кореја, која разгледувала можност за испраќање воени сили во регионот како поддршка за САД.

Слични вести