Од стотина јавни скривници во цела држава, реновирани се само 5, а тунелските засолништа се претворија во депонии!

by bogdan 12:57
12:57

На територијата на цела Македонија има вкупно 1.761 засолниште, со капацитет на засолнување на 185.465 лица.

Со одлука на Министерството за одбрана во 2005 година, 101 јавно засолниште беа предадени на Дирекцијата за заштита и спасување, од каде што ни изјавија дека на 5 засолништа е извршено тековно и инвестиционо одржување, додека другите не се санирани поради недостиг од финансиски средства.

Во меѓувреме, нашите проверки на терен покажаа дека голем дел оние 16 јавни засолништа во Скопје се во исклучително запуштена состојба, со оглед дека на самото место може да се забележи дека, пред сè, тунелските засолништа под Кале и Гази Баба се пренатрупани со големото количество ѓубре и смет поради што тие наликуваат на мини-депонии.

Инаку, темата за состојбата со засолиштата се актуализираше по воената инвазија на Русија врз Украина пред 4 години по што многу држави во Европа и во регионот ги чистеа засолништата, ја поправаа вентилацијата, ја проверуваа електричната енергија, складираа храна, вода и лекови.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК