Уапсен е тетовец (51) – нападна две деца во основно училиште

by irena 12:17
12:17

Жител на тетовското село Требош (51) бил приведен, откако влегол во основно училиште и физички нападнал двајца ученици, упатувајќи им и вербални закани.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случи вчера утрината околу 9 часот, за време на големиот одмор, кога Б.Х. влегол во училишните простории и ги нападнал учениците.

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода во 18:10 часот.

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести