Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

by irena 20:01
20:01

Димче Арсовски е новиот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Арсовски, кој одреден период се чини беше надвор од политичките случувања во државата ја презеде директорската позиција од досегашниот директор Бени Шаќири, кој поднесе неотповиклива оставка од лични причини.

Арсовски во јавноста е најдобро познат како поранешен портпарол на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а оваа функција ја извршуваше во периодот од 2018 до 2021 година.

Со неговото назначување започнува ново раководно поглавје во Младинскиот културен центар, институција која има значајна улога во развојот на младинската, алтернативната и независната културна сцена во Скопје.

Промената на директорската позиција доаѓа во период кога од новото раководство се очекува да обезбеди континуитет во работата на институцијата, поддршка за културните програми и соработка со уметниците, младите и независните културни организации.

Слични вести