Пожар зафати куќи кај Бит–пазар, има материјална штета

by irena 19:32
19:32

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, а во инцидентот е причинета материјална штета – изјави, Звонко Томески, командант на Противпожарната единица – Скопје.

– Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од која што поради близина на објектите, има зафатено делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, се работи сега на расчистување. Интервенирано е со девет возила, со 22 пожарникари – изјави Томески.

Тој додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува.

Слични вести