Татко крвнички го истепал 12-годишниот син, прилепчанец ја тепал 16-годишната партнерка

by irena 15:00
15:00

Кривична пријава за телесна повреда е поднесена против 61-годишен жител на Крива Паланка, поради сомнение дека физички го нападнал својот 12-годишен син.

Според информациите од МВР, пријавата ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка.

Инцидентот се случил на 29 септември во семејниот дом во кривопаланечко, кога О.Р. физички го нападнал малолетниот син и му нанел повреди.

Во билтенот на МВР е забележано и дека на 05 ноември во 20 часот во ОВР Прилеп, 16-годишно девојче од Прилеп пријавило дека била тепана од нејзиниот вонбрачен партнер и од неговиот татко.

Слични вести