Трамп ја разреши шефицата на кабинетот на Белата куќа

by irena 13:54
13:54

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека Сузи Вајлс, неговата шефица на кабинетот на Белата куќа и долгогодишна сојузничка, ја напушта функцијата, а на нејзино место доаѓа долгогодишниот советник Стивен Милер.

До кадровската промена доаѓа по тешкиот изборен пораз на републиканците на меѓуизборите, на кои партијата загуби десетици места во Претставничкиот дом и ја изгуби контролата врз Сенатот, објавува „The Hill“.

„Задоволство ми е да објавам дека Стивен Милер, актуелен заменик-шеф на кабинетот и еден од моите најдоверливи советници, во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе ја преземе функцијата шеф на кабинетот“, напиша Трамп.

Тој ѝ се заблагодари на Сузи Вајлс за досегашната работа, наведувајќи дека таа ќе премине во политичкиот оперативен тим на Трамп.

„Сузи Вајлс заврши извонредна работа. Сакам да ѝ се заблагодарам за службата на функцијата шефица на кабинетот. Работеше одлично“, порача американскиот претседател.

Откако во вторникот стана јасно дека демократите оствариле значителен изборен успех, во јавноста започнаа шпекулациите за можни кадровски промени во врвот на Белата куќа.

Поранешниот советник во Белата куќа, Стив Банон, во петокот изјави дека Вајлс треба веднаш да биде сменета поради изборниот пораз на Републиканската партија. Исто така и поранешната членка на тимот на Трамп, Каролин Саншајн, исто така во средата побара Вајлс да поднесе оставка по изборните загуби.

Слични вести