Од бениген полип до пред смртна постела: Пациентка преживеала пекол на дигестивна хирургија во ГОБ „8 Септември“

by bogdan 11:02
11:02

„Фокус“ располага со документи, преписки, фотографии, имиња и презимиња на сите што учествувале во оваа здравствена голгота, каде што 72-годишната пациентка од обична рутинска интервенција била донесена до животозагрозувачка состојба.

Ова не е само приказна за медицински компликации, туку сведоштво за сериозна негрижа, занемарување на основните потреби на критично болен пациент и несоодветно однесување на медицински персонал, кое е загрижувачки.

Пациентката во болницата преживува хорор, при што од само рутинска операција на бениген полип завршува со четири операции за само три недели, стома, тешки инфекции, некротично ткиво и борба за живот.

Едвај ја спасиле, откако во последен момент нејзиното семејство ја префрла во приватна болница, каде што е извршена четвртата операција и во чиј извештај може да се прочита сè што преживеала пациентката и какви лекарски грешки се направени.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК