Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
КОЛКУ ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА ЌЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ГОЛЕМАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА?
И покрај тоа што изборите за градоначалник на Брвеница може да ја поткопаат довербата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, сепак, тоа е далеку од доволно за предизвикување вонредни парламентарни избори.
ОД БЕНИГЕН ПОЛИП ДО ПРЕД СМРТНА ПОСТЕЛА!
„Фокус“ располага со документи, преписки, фотографии, имиња и презимиња на сите што учествувале во оваа здравствена голгота, каде што 72-годишната пациентка од обична рутинска интервенција била донесена до животозагрозувачка состојба.
ДОДЕКА КРАВИТЕ МУКААТ, ДРЖАВАТА БЛЕЕ!
Наместо државата да им најде чаре на 600-те крави што слободно шетаа низ Кривопаланечко, три години подоцна, резултатот е дека проблемот се удвои, односно говедата се размножија и ја надминаа бројката над 1.000. Ситуацијата станува алармантна.
АЛТА БАНКА
Откако матичната банка во Белград остана без дозвола за работа и отиде во стечај, Алта банка Битола се најде под принудна управа, а на граѓаните им беше ограничен пристапот до сопствените пари. Кои проверки ги направила Народна банка пред да дозволи преземање на банката и дали навреме ги препознала ризиците?
СРБИЈА ПО ИЗБОРИТЕ
Апсења во полицискиот врв, финансиската афера Алта банка, оставки во јавните медиуми и најави за ревизија на старите корупциски случаи. По изборниот пресврт, Србија влезе во период на брзо институционално престројување.
МОЌТА НА ПРИСТОЈНИТЕ
Во крајна линија, и на мафијашите, и на партиските бизнисмени што се збогатиле само затоа што се блиски до власта, не е толку шеф власта, колку што е шеф јавното мислење.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Заборавете на сите приказни од историјата како секогаш сме доцнеле. Не, Македонија не задоцни! Како што, наспроти грчките блокади, не задоцни и со целиот процес на зачленување на Македонија во ОН. Македонија не доцнеше. Може да се рече само дека некои од републиките брзаа во војна.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Нема единствен недвосмислен одговор за дилемата околу прашањето дали разузнавањето и контраразузнавањето треба да бидат интегрирани или посебни, бидејќи двата модела имаат значајни предности и недостатоци.
Ана ПАНОВСКА
Зошто ВМРО-ДПМНЕ толку ги потценува нашинците надвор. Зар толку се сомнева во нивниот слаб национален патриотски капацитет, кој, според нив, изгледа е никаков и бара „допинг“ за преку онлајн изборна комуникација да го подарат својот глас, како од беља?!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Историски гледано, во залезот и згаснувањето на ЕУ нема ништо ново и непознато. Напротив! Таа ќе биде само уште еден историски доказ дека тежиштето на економскиот и политичкиот просперитет постојано се менува и мигрира.
Дејан ДИМОВСКИ
Ако скапоплатените членови на РКЕ не ги почитуваат одредбите и роковите од законот за енергетика, тогаш зошто обичниот потрошувач секогаш е потребно да го почитува рокот за да си ги плати месечните сметки за струја?