(ВИДЕО) Карпа падна врз луѓе во Кападокија – двајца загинаа

by irena 17:32
17:32

Две лица загинаа, а едно е повредено откако карпа се откорна и падна врз луѓе во турскиот регион Кападокија.

Според локалните власти, несреќата се случи по обилните дождови што го зафатиле подрачјето.

Гувернерот на покраината изјави дека одронот се случил околу 15:15 часот по локално време, во близина на музејот на отворено во местото Гореме.

Делови од една од карпестите формации познати како „самовилски оџаци“ се откорнале и паднале врз луѓето кои се наоѓале во близина.

Според гувернерот, причина за одронот биле обилните врнежи.

Спасувачките екипи кои пристигнале на местото на несреќата пронашле две починати лица и едно повредено. Потрагата и проверката на теренот продолжуваат, а државјанството на настраданите засега не е соопштено.

Кападокија, која се наоѓа во централниот дел на Турција, е една од најпознатите туристички дестинации во земјата.

Слични вести