Ако твоите потчинети се убедени дека си семоќен, ќе фатат да аздисуваат, сметајќи дека каква и забегана лудост да направат, има кој да ги одбрани од сѐ, оти имаш безгранична сила.
Такви потчинети ќе те вовлечат во големи проблеми, па ако видат дека ти не си баш семоќен, нема да забегуваат оти ќе знаат дека не може „тате“ баш од сите последици да ги заштити.
Понатаму, има потчинети што знаат да побараат секакви услуги и привилегии, па ако веруваат дека ти си човекот за кого ништо не е невозможно, како ќе ги одбиеш, а да не ги навредиш?
Убаво е затоа одвреме навреме да видат дека не си баш толку семоќен, па ќе бидат поскромни во своите барања од тебе.
Па, така значи, секој пораз е како филтер преку кој се прочистуваат лажните пријатели, како и претераните амбиции и нереалните очекувања.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК