Педро Санчез: Неприфатливо е да има две несреќи со брзи возови во иста година во Шпанија

by irena 17:15
17:15

Шпанскиот премиер, Педро Санчез рече дека цела Шпанија е во жалост по тешката железничка несреќа во близина на Урда.

Владата прогласи тридневна официјална жалост, а Санчез наведе дека моменталните приоритети се пронаоѓање на преживеаните, помош за повредените и нивните семејства, како и утврдување на причините за трагедијата.

„Ќе ја расчистиме работата до крај. Ако имало небрежност, таа ќе излезе на виделина. Ако имало системски пропусти, ќе реагираме со апсолутна одлучност“, рече Санчез.

Тој нагласи дека ова е вторпат оваа година Шпанија да се соочи со тешка несреќа на брз воз. Претходно оваа година, 46 лица загинаа во судир во близина на Адамуз.

„Неприфатливо е за земја како Шпанија да доживее две несреќи со брзи возови во иста година“, изјави Санчез.

Министерот за транспорт, Оскар Пуенте изјави дека контролниот центар му дозволил на еден од возовите да го продолжи патувањето, иако сигналот бил црвен, а пругата била зафатена.

Тој рече дека информациите собрани досега укажуваат на човечка грешка.

Слични вести