Путин: Поминува ерата кога тесен блок држави ја одредуваше судбината на континентите

by irena 16:43
16:43

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека поминува ерата кога судбината на цели континенти ја одредувал тесен блок држави и дека во „поправеден свет“ ќе се слушаат гласовите на сите земји што учествуваат во меѓународните односи.

Тој во Москва, на пленарната седница на третиот економски и хуманитарен форум „Русија – Африка“, изјави дека мултиполарниот свет навистина станува реалност, пренесе „Спутник“.

„Земјите кои се навикнати да размислуваат во духот на колонијалното минато и неверојатно да се богатат на сметка на другите, му се спротивставуваат на мултиполарниот светски поредок“, рече рускиот лидер.

Тој оцени дека влијанието и авторитетот на африканскиот континент на глобалната сцена растат.

„Западот активно се обидува да ја втурне Африка во должничко ропство, а царинските војни и нелегитимните санкции се алатки на неоколонијализмот“, рече Путин.

Тој истакна дека руските бизнисмени во Африка не го експлоатираат тој континент, туку развиваат преработка на суровини на самото место.

„Трговските и економските односи меѓу Русија и Африка се развиваат и покрај притисоците и санкциите“, нагласи Путин.

Тој рече дека Москва го цени цврстиот став на Африка за одржување контакти со Русија, и покрај надворешните притисоци.

Тој изјави дека руско-африканската трговија во многу блиска иднина ќе надмине 50 милијарди долари.

Додаде дека повеќе од 40 африкански земји веќе добиваат руски ѓубрива и жито, а Русија е подготвена дополнително да ги прошири испораките.

„Африка има сопствен земјоделски потенцијал и е способна сама да си обезбеди храна. Сметам дека ова е еден од најважните предизвици за континентот“, рече Путин.

Слични вести