Среде ноќ насилно влегол преку балкон и ја претепал сопругата – уапсен 33-годишник од гостиварско

by jadranka 14:58
14:58

Вчера во 11:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.С.(33) од гостиварско село.

Како што се наведува во полицискиот билтен, претходно, тој бил пријавен од неговата 48-годишна сопруга од Гостивар дека околу 02:00 часот, по кратка расправија, насилно влегол во станот, ја оштетил балконската врата и потоа физички ја нападнал и ѝ нанел повреда.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести