Во Србија 60 луѓе се заразени со западно нилска треска

by irena 17:39
17:39

Во Србија, од почетокот на сезоната на надзор на 1 јуни па сè до 18 октомври годинава, регистрирани се вкупно 60 случаи на западно нилска треска, од кои 49 се случаи со невроинвазивна форма на болеста, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Меѓу заболените има 35 мажи и 25 жени, а просечната возраст на пациентите изнесува 63,6 години.

Случаи се регистрирани на територијата на 13 окрузи.

Во сезоната на надзор за 2026 година, заклучно со 14 октомври годинава, во земјите од Европската Унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА), случаи на треска од Западен Нил кај луѓето се регистрирани во Италија, Грција, Романија, Шпанија, Франција, Германија, Австрија, Холандија, Хрватска, Кипар, Унгарија, Белгија, Бугарија и Словенија.

Слични вести