„The Sun“: Ким Џонг Ун доживеал мозочно крвавење, па паднал во кома

by irena 16:43
16:43

Драматични тврдења на социјалните мрежи за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Според непотврдени информации на британски „The Sun“, тој наводно доживеал мозочно крвавење, по што паднал во кома и бил префрлен на итно лекување во Кина.

Во објавите на интернет се тврди дека севернокорејскиот лидер бил транспортиран во Пекинг поради ограничените можности за специјализирана медицинска нега во Пјонгјанг.

Според истите шпекулации, тој е примен во болницата „Peking Union Medical College“, каде што наводно му била укажана итна медицинска помош.

Ниту една од овие информации засега не е независно потврдена.

Не е објавена официјална потврда дека Ким Џонг Ун е хоспитализиран, ниту дека доживеал мозочно крвавење.

Слични вести