(ВИДЕО) Oбид за шверц на змии и гуштери во Германија – ги криел во чорапи

by irena 20:13
20:13

Цариници во Германија запреа човек кој се обиде да прошверцува повеќе од 90 отровни гуштери и змии во својот багаж.

45-годишниот мексикански пожарникар изгледаше „нервозен“ додека минуваше низ зелениот коридор, наменет за патници кои немаат стока за пријавување, пишува Би-Би-Си.

Полицајците прво го тестираа за дрога. Откако тестот беше позитивен на кокаин, го пребараа неговиот куфер.

Пронајдоа скорпии, ѕвечарки и други видови змии и гуштери, вклучувајќи и игуани, во шишиња од шампон и крем, пластични садови и ролни чорапи.

Човекот, чиј идентитет не е објавен, им рекол на службениците дека ги транспортира животните како услуга за познаник од Бразил.

Му беше забранет влез во Германија и беше вратен со авион во Истанбул.

Преживеаните животни беа згрижени во фарма за змии во Германија.

Слични вести