Гласањето за некоја партија, без можност да се даде и квантитативна оценка за тоа колку точно е задоволен гласачот од партијата, е битен недостаток во изборниот систем.
Би било многу убаво да се додаде на секое избирачко ливче, покрај бројот на листата, и едно крукче во кое гласачот ќе може да допише и оценка, да речеме од шест до десет за партијата за која гласал.
Па, кога ќе се фали победничката партија дека добила 400 илјади гласови, да може да ја потсетат сите дека од тие 400 илјади, барем 300 илјади се шестки, значи малку фалело да не гласаат сите тие луѓе за вас, а десетки се само од неколку илјади гласачи, значи толку заслепени фанатици имате, па не се трескајте од земја дека народот ве обожава.
Нема поарни од вас моментално, сите други се бетер, затоа ве гласал народот вас.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК