Жена паднала додека чистела балкон во Гостивар

by irena 14:23
14:23

Вчера во 13:00 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Г.И.(71) од Гостивар.

-Според пријавеното, таа паднала додека чистела балкон од зграда на ул.„Никола Парапунов“ и се здобила со повредите. Поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Слични вести