„Поминаа точно 93 дена откако во нашиот свет тивко, но со огромна желба за живот, пристигна малиот храбар борец Дамјан. Роден во 28-та гестациска недела, со само 920 грама, Дамјан уште од првата секунда мораше да се бори со секој предизвик со кој го соочи животот. Неговиот инкубаторот беше бојно поле, а тој — најголемиот јунак што ова семејство некогаш го видело. Денови на грижи, молитви, молчење и тивки солзи… Но, лавовското срце на Дамјан ги надмина сите пречки, ги победи сите предизвици и докажа дека чудата навистина постојат“ напишаа на Фејсбук од Универзитетска клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.
Велат „денес, со прекрасни 1950 грама и со насмевка што го грее срцето, Дамјан конечно си заминува таму каде што припаѓа — во топлата прегратка на мама Емилија, тато Трајче и неговиот бато Марио! А бато Марио најдобро ја знае оваа борба… Пред точно 12 години, и тој го изоде истиот тој тежок пат, роден предвреме во 30-та гестациска недела со само 1.180 грама.