ДУИ: МВР да го објави целосниот извештај за случајот со претепаните во Сарај

by irena 18:44
18:44

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение бара Министерството за внатрешни работи да го објави целосниот полициски извештај за интервенцијата од 7 октомври, при која, според партијата, двајца млади од Сарај на возраст од 21 и 23 години биле брутално претепани од полициски службеници.

Од ДУИ наведуваат дека во јавноста се изнесени различни верзии за настанот. Двајцата млади тврдат дека биле удирани и откако биле совладани и ставени во лисици, додека, од друга страна, беа изнесени тврдења дека тие пружале отпор кон полицијата и му го одзеле службеното оружје на еден полициски службеник.

Партијата бара да бидат објавени првичниот извештај на полициската патрола, записниците и соодветната документација, со заштита на личните податоци и без загрозување на истрагата.

Од ДУИ бараат да се разјасни кој го составил извештајот, што изјавиле полициските службеници кои учествувале во интервенцијата и дали нивните искази се совпаѓаат со снимките што веќе беа објавени во јавноста.Од партијата оценуваат дека мора да се дадат официјални одговори на овие прашања, а доколку се утврди пречекорување на полициските овластувања, одговорноста треба да ја сносат сите инволвирани службеници.

Слични вести