Уапсени се 10 возачи за безобѕирно возење

by irena 17:44
17:44

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Е.И.(22), А.Д.(35) и Г.М.(38) од Скопје, Ш.Р.(22) од с. Света Петка, скопско, Ш.С.(43) и А.П.(24) од Куманово, Ј.К.(18) од с. Богородица, гевгелиско, М.Е.(45) од с. Здуње, гостиварско и Г.В.(60) од Битола. Додека, пак, 30-годишната Е.Д. од струшкото село Делогожда управувала патничко возило во спротивен правец.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести