На лидери со врзани очи не треба да им се даваат одврзани раце

by bogdan 16:59
16:59

Ако државата ја замислиме како авион во кој граѓаните се патниците, тогаш премиерот Мицкоски е пилотот, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е копилотот.

Ако дестинација се евроатлантските интеграции, тогаш улогата на навигатор би требало да ја игра министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, а главна стјуардеса секако е министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Опозициските лидери се аналогни на патници седнати на неудобни седишта во трета класа, кои постојано дофрлаат дека самите можат да го управуваат авионот многу подобро, само ако добијат шанса.

Притоа, Венко Филипче вели дека со него зад воланот побргу ќе стигнеме, треба само да се даде гас, а Димитар Апасиев вели дека сме го утнале курсот, и дека наместо кон Запад, треба кон Исток да летаме.

Контролата на летање е во Брисел, која сугерира да влеземе во коридорот „Бугари во Уставот“, ама таму има густа магла, па ако еднаш влеземе, којзнае каде и какви ќе излеземе од маглата.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК