Тешко повреден е мотоциклист – удри во заштитна ограда

by irena 13:33
13:33

МВР информира дека вчера попладне во ОВР Ресен е пријавено дека околу 15 часот на магистралниот пат Ресен – Битола, на место викано „Дервен“ на делницата Макази – Ѓавато, Ѓ.К.(38) од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитната ограда.

Во несреќата, Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен.

Слични вести