Екипата на „Фокус“ го посети местото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се наоѓа земјиштето за кое владата на Мицкоски најавува изградба на нов Клинички центар.
Станува збор за една од најатрактивните парцели во главниот град, на вкупна површина од околу 60.000 квадратни метри, која досега во неколку наврати беше разгледувана и посочувана за разни капитални инвестиции.
Од тоа што можевме да забележиме на терен, се работи за огромна површина, за која од далеку се гледа дека е неискористена и запустена, а се наоѓа во едно од најубавите и најфреквентни места во скопски Карпош.
Според нашите информации, Мицкоски и Свето Пивара веќе преговарале, но и двете страни целата работа ја држат во тајност, како да станува збор за државна тајна.
Нашите извори тврдат дека работата во моментов завршила само со преговори, но сè уште ништо официјално ниту е договорено, ниту спроведено.
Времето ќе покаже дали воопшто ќе падне некаков договор, со оглед на тоа што самото земјиште вреди над 30 милиони евра.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК